Скопје

Заев засега не планира поголема реконструкција на Владата, денеска се менуват двајца министри

Премиерот Зоран Заев засега не планирал поголема реконструкција на Владата.

„Предлозите за разрешување на двајцата министри во Парламентот се одлуки донесени од страна на раководствата на политичките партиципиенти во власта, кои бараа соодветна замена“, изјави премиерот Зоран Заев.

Инаку денеска собранието треба да ги разреши министрите Аксел Ахмедовски, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и Аднан Ќахил, министер без ресор задолжен за странски инвестиции. На местото на Аксел Ахмедовски се предлага да се избере Музафер Бајрам, а функцијта од Аднан Ќахил на треба да ја превземе Елвин Хасан.

Инаку премиерот Заев денеска кажа дека двајцата министри кои треба да се разрешат нема да останат без работа. Тој додаде дека веќе утре лично ќе разговара за нивните нови ангажмани.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток