Скопје

Двајца повредени во страотната сообраќајка на Илинденска

Две лица биле тешко повредени во сообраќајната несреќа што пред околу еден час се случи на булеварот Илинден, кај фонтаната во Градскиот парк. Станува збор за возачот и совозачот од автомобилот „сеат алтеа”.

Двајцата со возило на итна помош се однесени во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Според првичните информации на полицијата, автомобилот „сеат алтеа“ движејќи се со голема брзина, удрил во семафорот. Од силината на ударот автомобилот со задниот дел се качил на бетонскиот ѕид од паркингот до булеварот.

За време на сообраќајната несреќа биле оштетени и други возила кои во моментот биле на раскрсницата на булеварот кај Градскиот парк.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток