Универзитетот ФОН го означи почетокот на студентската година. Прв на церемонијата се обрати ректорот Нано Ружин кој вели дека европската иднина и се насмеала на универзитетот, но и на Македонија.
„Лошата епоха на семејството Цаноски е минато. Овој универзитет секогаш го почитуваше правото. Воочивме дека треба да се потпираме на квалитетните кадри, а не со успаните”, рече Ружин.
Ружин вели дека претстојат реформи кои ќе го променат квалитетот на ФОН. Според него, ќе се зголемува бројот на странски студенти, бидејќи се борат за тоа сите да бидат рамноправни внатре, а надвор, ФОН ќе биде присутен насекаде.
„За разлика од јавните универзитети, тука поседувате ваш идентитет”, додаде Ружин.