Свет

Венецуела побара од Русија да и помогне во истражувањето на златото и неговата експлоатација

Венецуелските власти им понудија на руски компании да учествуваат во истражувањето злато и негова експлоатација во таа земја, изјави рускиот амбасадор во Каракас, Владимир Заемски.

– Што се однесува на учеството на Русија во рударењето злато и други рударски проекти, Венецуела направи широк спектар интересни предлози кои сега ги разгледуваат заинтересираните руски оператори – изјави амбасадорот.

Заемски додаде дека Каракас е многу заинтересиран за соработка со Русија во секторот на истражување цврсти ресурси кои можат да се екстрахираат, вклучувајќи злато, дијаманти и колтан, кој се користи за вадење елементи како што се ниобиум и тантал.

Освен докажаните нафтени наоѓалишта, кои се сметаат за најбогати во светот, Венецуела е богата и со природни ресурси како што се дијаманти, злато, железна руда, алуминиум, боксит, природен гас. Според извештајот на Светскиот совет за злато, објавен во јуни, Венецуела има 150 тони златни резерви.

Венецуела се одлучи да побара помош од друга земја поради актуелната економска криза и американските санкции.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток