Попладнево во Виена двајца вооружени напаѓачи насилно влегле во црква и ги држале свештениците со часови како заложници.
Петмина свештеници се повредени во оружениот напад. Ограбувачите според сведоците зборувале германски со странски акцент.
Напаѓачите со часови ги држеле монасите како заложници и од нив барале да им ги предадат парите и црковните скапоцености.
Откако успеале да дојдат до богатството , избегале во непознат правец. Полицијата е во потера по разбојниците , а монасите се пренесени во болница.
Полицијата сомничи еден маж кој бил забележан како неколку дена ја разгледува црквата во Флоридсдорф.