Свет

Репортери без граници: Годинава 63 новинари го загубија животот додека ја извршувале својата работа

Според извештаите на Комитетот за заштита на новинарите и Репортери без граници, рааботата на новинарите станува се поризична и поопасна, а слободата на медиумите е во се поголема опасност. Според извештаите во пораст е и апсењата на новинарите .

Годинава дури 63 новинари го загубиле животот додека ја извршувале својата работа. Се зголемил бројот и на новинари кои се киднапирани или уапсени додека ја извршувале својата работна задача, како и заканите врз нив, па експертите сметаат дека е време за тревога.
Двете организации предупредуваат дека годинава.

– Новинарите во демократските земји се загрозени, па и репортерите во земјите без конфликт плаќаат данок за своето известување, истакна Марго Јуен од Репортери без граници.

Довербата во медиумите во САД е на најниско ниво, што за некого тоа претставува илустрација на глобалната ерозија на медиумската слобода.

Единствената позитивна вест за „седмата сила“ доаѓа од Етиопија. Oткако новиот премиер Абиј Ахмед спроведе демократски реформи ниту еден новинар не е уапсен првпат по 14 години.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток