Бугарското Обвинителство не е информирано за акцијата против Борисов
Портпаролката на главниот бугарски обвинител, Шиика Милева за тамошните медиуми рече дека Обвинителството не е информирано за акцијата против Борисов
„Бугарското обвинителство не е информирано за дејствијата што ги спроведува МВР против политичките лидери. Она што од вас дознаваме во медиумите е дека се работи за фондовите на ЕУ и се што е поврзано со овие дејствија треба да се обратите до Европското обвинителство“, изјави портпаролката на главниот обвинител Сиика Милева, пренесува Bulgaria ON AIR.
„Согласно бугарскиот закон, кога ќе се преземат итни дејствија, тие треба да бидат пријавени во обвинителството во рок од 24 часа“, додаде портпаролот на главниот обвинител.