Свет

„Го видовте примерот на Украина“, се огласи американската амбасада во БиХ

Амбасадата на САД во БиХ реагираше на заканите упатени кон таа земја од страна на рускиот амбасадор Игор Калабухов, во случај таа да влезе во НАТО.

„Последните закани од рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина се опасни, неодговорни и неприфатливи. Ниту една трета страна нема право да се меша во безбедносните договори меѓу НАТО и суверените држави“, објави американската амбасада на Твитер.

„Ние ќе продолжиме да бидеме со БиХ бидејќи таа ги презема неопходните чекори за да се приклучи кон евроатлантската заедница на нациите“, се додава во него.

Калабухов во средата рече дека земјата има право да одлучи дали ќе влезе во НАТО, но предупреди дека Москва исто така го задржува правото да реагира на таквата можност во согласност со нејзините интереси.

„Ако БиХ одлучи да биде членка на нешто, тоа е внатрешно прашање. Но, друга работа е нашата реакција. Покажавме што очекуваме на примерот на Украина. Доколку има закани, ќе реагираме“, рече Калабухов.

На почеток