Убиен началникот на криминалистичката полиција во БиХ
Од
Објавено на
Полициската управа на Приједор, Босна и Херцеговина потврди дека утрово со огнено оружје е убиено едно лице во населбата Пеќани во Приједор.
„Во Полициската управа Приједор утрово во 6.53 часот било пријавено дека непознато лице од огнено оружје пукало кон друго лице кое починало“, се наведува во соопштението.
Медиумите во Бања Лука објавија дека е убиен Раденко Башиќ, началникот на секторот за криминалистичка полиција во полициската управа Приједор.
Градот е блокиран, а од утрово се слушаат сирени, а во тек се претреси на возила.