Украинците тврдат дека ослободиле важен град
Украинската армија тврди дека го ослободила градот Макарив. Тоа е град кој се наоѓа на околу 60 километри западно од Киев. Според официјалните пописи, брои нешто повеќе од 10.000 луѓе, но во овој контекст е стратешки важно место на периферијата на Киев.
Генералштабот на украинските вооружени сили тврди дека руските сили биле истиснати од градот кој се наоѓа на околу 60 километри западно од Киев.
Благодарение на херојството на нашите бранители, украинското знаме беше подигнато над градот Макариво. Непријателот беше одбиен“, објавија тие на официјалната страница на Фејсбук.
Ова тврдење не може да се потврди независно во моментов. Информациите за ослободувањето на Макарив доаѓаат три дена откако три лица беа убиени во руски минофрлачки напад врз Макарив
Доколку оваа вест е точна, таа претставува значителен успех на Украинците и се совпаѓа со информациите од теренот кои велат дека руската армија на север тешко напредува и дека идејата за опкружување на Киев е далеку од реализација.