Украинска армија: Убивме 15.300 руски војници, соборивме речиси 100 авиони
Украинското Министерство за одбрана објави извештај во кој се наведува дека од почетокот на инвазијата се убиени 15.300 руски војници.
Во соопштението се наведува дека Русија изгубила големи количини воена опрема, вклучувајќи 99 руски авиони, 123 хеликоптери, 1.556 оклопни транспортери и 509 тенкови.
Тие пишуваат и дека се уништени 1.000 руски возила, 252 артилериски парчиња, 45 противвоздушни системи, 80 ракетни системи и 70 цистерни со гориво.
Русија вели дека помалку војници се убиени
Претходно овој месец, руското Министерство за одбрана објави дека 498 нејзини руски војници биле убиени, а 1.597 биле ранети во Украина; што беше првото соопштение на руските власти за бројот на жртвите за време на инвазијата на Украина.
Руските медиуми вчера објавија дека официјалните податоци покажуваат дека досега во Украина се убиени 9.861 руски војник. Но, набрзо ја избриша објавата наведувајќи дека се работи за неточна информација.