Професор од Оксфорд: Армијата осум години се подготвуваше да го брани Мариупол
Влад Микиненко, Украинец и професор на британскиот универзитет Оксфорд, има семејство во опколениот град Мариупол. Во интервју за Би-Би-Си, тој рече дека не бил во контакт со нив од 28 февруари.
“Имам пет членови на семејството во Мариупол. Кога последен пат се слушнавме, тие веќе беа во подрумот. Не можам ни да замислам што се случило од тогаш. Тешко е да се слушаат приказни, тешко е да се остане оптимист”. – изјави Микиненко.
„Убеден сум дека украинската армија нема да се предаде“
Тој додава дека верува оти бранителите на Мариупол им пружаат силен отпор на руските сили бидејќи „армијата одбраната на градот ја планираше осум години“, односно од руската анексија на Крим.
Мариупол е стратешки важно пристаниште на брегот на Азовското Море. Микиненко додава дека смета дека Украина нема да го предаде градот на Русите.
„Тоа зависи од граѓаните на Мариупол. Убеден сум дека украинската армија нема да се предаде“, заклучил професорот.