Свет

Украина: Русите насилно депортираа повеќе од 2.000 деца

Руските сили насилно депортирале 2.389 деца од Доњецк и Луганск, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

„Таквото однесување е сериозно кршење на меѓународното право, а особено на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на украинското министерство.

„Киднапирањето деца за време на војната е едно од шесте најсериозни прекршувања на правата на децата“
Руското Министерство за одбрана во неделата објави дека во саботата од Украина биле евакуирани 16.434 лица, меѓу кои 2.389 деца. Евакуацијата е извршена, велат Русите, од различни локации, вклучително и локации во проруските сепаратистички региони Доњецк и Луганск. Луѓето си заминаа по своја волја, соопшти руското министерство.

УНИЦЕФ денеска ги коментираше наводите за руска евакуација на цивили, велејќи дека таквите извештаи „создаваат причина за загриженост“. Додаваат дека не можат самостојно да ги потврдат.

„Киднапирањето деца за време на војната е едно од шесте најсериозни прекршувања на правата на децата во конфликт и е забрането со меѓународното хуманитарно право“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер.

На почеток