Свет

Москва: Поради Украина, односите меѓу Русија и САД се на работ на колапс

Конфликтот во Украина ги доведе руско-американските односи до пресврт, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Вчера на американскиот амбасадор му беше предадена протестна нота во која се вели дека она што се случува ги доведе односите на работ на колапс“, рече Рјабков во Москва, пренесува агенцијата Интерфакс.

Рјабков додаде дека САД мора да престанат да испраќаат оружје во Украина и да ја сменат својата реторика доколку сакаат да продолжат со разговорите меѓу Москва и Вашингтон.

„Тие мора да престанат да и се закануваат на Русија“, рече тој.

Руското Министерство за надворешни работи во понеделникот му врачи протестна нота на американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан како одговор на критиките на американскиот претседател Џо Бајден до неговиот руски колега Владимир Путин. Бајден го нарече Путин „воен злосторник“, „крвожеден диктатор“ и „разбојник“.

На почеток