Свет

Украина: Пожари избувнаа во близина на нуклеарната централа во Чернобил, се плашиме од радијација

Седум шумски пожари избувнаа во близина на нуклеарната централа во Чернобил, соопшти Украина.

Украинците тврдат дека пожарите најверојатно избувнале поради гранатирање, а можно е да се подметнати. Пожарот избувнал во област под контрола на руските сили, што според Украинците го оневозможува гаснењето.

„Постои растечка загриженост дека радиоактивен чад може да се шири“, соопшти Украинската државна служба за специјални комуникации.

Да потсетиме, Чернобил падна во руски раце во првите денови од руската инвазија. Оттогаш на виделина излегоа неколку извештаи за тешките услови за работа на персоналот на нуклеарната централа.

На почеток