Зеленски: Војната во Украина може да предизвика глад во други земји
Рускиот напад врз Украина може да предизвика глад во земјите ширум светот, предупреди денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање пред италијанскиот парламент, повикувајќи на поголема помош во борбата против агресорите.
Обраќајќи им се на италијанските пратеници преку видео врска, Зеленски рече дека неговиот народ се бори за опстанок додека руската војска ги уништува украинските градови и убива цивили.
„За руските војници, Украина е вратата кон Европа во која сакаат да пробијат, но не смее да се дозволи варварството да го стори тоа“, рече тој, додавајќи дека ефектите од војната веќе се чувствуваат во многу делови од светот.
Гладот им се приближува на земјите низ светот, вели Зеленски
„Најлошото е што на некои земји им се приближува гладот. Украина отсекогаш била еден од најголемите извозници на храна, но како можеме да посееме род под руски артилериски напади?
Земјите како Либан, Египет, Јемен и други зависат од украинската пченица во последниве години, а војната предизвика голем пораст на цените на пченицата, дури 50 проценти во последниот месец.