Нови силни експлозии во Киев
Nekolku силни експлозии можеа да се слушнат во главниот град на Украина додека градот е под 35-часовен полициски час.
Една од експлозиите била толку силна што активирала аларми за автомобили во центарот на градот, сведочеше тимот на Си-Ен-Ен.
Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека украинската воздушна одбрана ангажирала и уништила руска ракета и дека остатоците од проектилот паднале во реката Днепар.
Во тек е 35-часовен полициски час
Киев во моментов е под полициски час што во понеделникот го објави градоначалникот на градот Виталиј Кличко. Во изјава за Телеграм, Кличко рече дека полицискиот час ќе започне во понеделник во 20 часот и ќе трае до 7 часот наутро во среда.
„Утре нема да има продавници, аптеки, бензински пумпи, објекти“, рече тој вчера.
„Затоа, ги молам сите да останат дома или во засолништа. Само оние со посебни дозволи ќе можат да се движат низ градот“, додаде тој.