Македонија

Панчевски се жали дека со пресудите му биле повредени правата и слободите

Порашениот судија кој сега одговора за злупотреба на АКМИС-системот за распределба на судски предмети, Владимир Панчевски се жали до Уставниот суд дека му се повредени неговите права. Според него, системот се однесувал дискриминаторски додека против него се водеше судски процес.

„Подносителот на барањето смета дека со Пресуди на Основниот суд во Велес и Апелационеиот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност, односно општествена положба во поглед на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност, односно политичко уверување. Меѓу другото, подносителот на барањето наведува дека бил дискриминиран во споредба со сите останати судии и претседатели на судови, затоа што за разлика од нив само тој не ги уживал уставно и законски загарантираните права кои ги имале носителите на судиски функции. Оттука, според подносителот на барањето, произлегувала дискриминаторската природа на теоријата на случај на Јавното обвинителство, која била прифатена од Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје и резултирало со носење на актите коишто се оспоруваат. Според подносителот на барањето, со оспорените акти, била сторена повреда покрај на член 110 алинеја 3 и на членот 9 од Уставот, како и на член 6 став 1 и членот 14 од Европската конвенција за заштита на човековите права“, велат од Уставен суд.

На почеток