Свет

(ФОТО) Ова е Јана. Побегнала од Украина, има 10 години и сака да се смее

Јана има 10 години и избегна од војната во Украина. Би-Би-Си за неа пишува во краток текст придружен со видео „Запознајте бегалец од Украина кој сака да се смее“.

Пред три недели започнала на училиште во полската престолнина Варшава, а веќе стекнала нова најдобра пријателка Алиша, пишува Би-Би-Си.

“Мило ми е што стана моја пријателка. Да не беше таму, никогаш немаше да се смеев толку силно. Комуницираме преку Google Translate. Постојано и велам да не се грижи за тоа што се случува во Украина”, рекла Алиша за Би-Би-Си.

Во Полска има речиси милион деца од Украина
Во училиштето веќе има 60 украински ученици бегалци, а се очекува да пристигнат уште многу.

Јана е само еден од повеќе од три милиони бегалци кои ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија пред неколку месеци.

Околу два милиони бегалци, од кои речиси половината се деца, се згрижени во Полска.

На почеток