Шефот на НАТО: Русија направи голема грешка кога ја нападна Украина
Од
Објавено на
Шефот на НАТО, Столтенберг утрово се обрати на печатот пред самитот во Брисел. Тој рече дека Русија направила голема грешка со инвазијата на Украина.
Столтенберг потврди дека НАТО ќе почне да преговара за распоредување на трупи на НАТО во Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија.
Тој исто така рече дека сојузниците и дале поддршка на Украина за да и помогнат на нејзиното основно право на одбрана, но повтори дека основната задача на воената алијанса е да ги брани и заштити членките на НАТО.
Бидејќи Украина не е членка, алијансата не испраќа војници во земјата, иако го зголемува своето воено присуство во соседните земји на НАТО.