Македонија

Продавачи на балони тепале гости во локал на „Боемска улица“

Три лица во текот на вчерашната вечер, го нарушиле редот и мирот во угостителски објект на „Боемска“. Тие на гостите им понудиле балони, но откако им било кажано дека присутните не се заинтересирани, се изнервирале и го оштетиле објектот, фрлајќи кон гостите со столици.

„Вчера околу 20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Боемска“  бил нарушен јавниот ред и мир од страна на три лица кои нуделе балони. Откако гостите И.В. (29), А. Б. (43) и А. Х. (42) им кажале на лицата дека не се заинтересирани, побарале од персоналот во објектот да ги отстрани лицата, што и било направено. Но, по кусо време лицата се вратиле, при што едно од нив влегло во објектот и со секира ја оштетило вратата од објектот, а потоа почнале со столици да фрлаат кон гостите. Напаѓачите по кратко време го напуштиле објектот, но по интервенција на полициските службеници биле приведени двајца од тројцата напаѓачи во Полициската станица Центар. Притоа, констатирано е дека се работи за лицата Д. Д. (25) и С. Д. (43), двајцата од Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот“,

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток