Специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да си ја гледа неговата работа и да не се меша во обвинителството.
Јанева, во интервју за Канал 5, порача дека Спасовски е не е компетентен и дека треба да се грижи за својата работа бидејќи МВР е помошен орган на обвинителството.
Оваа изјава на Јанева следи откако Спасовски ги нарече нивните одлуки за „несреќни“.