Свет

Полскиот генерал сака да го земе Калининград, доби одговор од Русија

Рускиот амбасадор во Полска Сергеј Андреев вели дека Полјаците на интернет се прашуваат кога Кенигсберг и припаѓал на Полска.

Така тој го коментираше предлогот на полскиот генерал Валдемар Сксипчак да го „отвори прашањето за сопственоста“ на Калининград.

“Тоа е таква традиција. Пензионираните генерали овде многу сакаат да разговараат за различни теми и да го привлечат вниманието кон себе, да докажат дека се уште се некој. Луѓето веќе не се занимаваат со работа, не се одговорни за своите зборови, па се чувствуваат целосно слободни да фантазираат.“, го цитира РИА Новости Андрејев.

Во врска со претензиите на Варшава за територијата на Калининград, Сксипчак претходно изјави дека оваа територија „никогаш не била руска“ и дека историски им припаѓала на Прусија и Полска.

На почеток