Свет

Трамп: Имаме претседател кој не знае што прави, нема поим каде е

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше сегашниот Џозеф Бајден.

Тој рече дека „колективно, петте најлоши претседатели на Америка нема да направат толку голема штета како што направи Бајден во 15-те месеци откако стана претседател“.

„Помина повеќе од една година, за тоа време успеа да го убие, буквално да го убие американскиот сон. Но, не губете надеж, бидејќи со вистинските лидери, Америка ќе се врати, ќе биде посилна, посилна од било кој било кога“, рече Трамп на состанок во американската држава Џорџија, објави „Дејли мејл“.

Тој се осврна на одговорот на Бајден на рускиот напад врз Украина.

„Имаме претседател кој не знае што прави, нема поим каде е. Во медиумите се појавуваат лажни вести, велат дека тој одлично си ја врши работата…а Украина е бомбардирана до срж“, вели тој.

Трамп тврди дека рускиот напад врз Украина никогаш немаше да се случи доколку тој беше претседател.

На почеток