Актуелно

Лавров: Србите и Русите се братски народи, но јас не можам да бидам одговорен за одлуките што ги носат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека средбата на претседателот Владимир Путин со украинскиот лидер Владимир Зеленски треба да се одржи кога двете страни се поблиску до договор за клучните прашања. Тој додаде дека секоја средба меѓу Путин и Зеленски за размена на мислења за конфликтот сега ќе биде контрапродуктивна.

Српските медиуми пишуваат дека можно место за продолжување на преговорите е и Белград. Според Курир, Лавров го рекол следново: „Белград е голем град кој одговара на секакви преговори“.

„Сепак, местото на преговори мора да биде прифатливо за двете страни. Преговаравме во Белорусија, а потоа имаше неколку видео конференции. Преговорите сега ќе се водат во Истанбул, иако сме подготвени да разгледаме други локации, вклучително и Белград“, рече Лавров, пренесува Курир.

Да потсетиме, Русија на 24 февруари испрати десетици илјади војници во Украина во „специјална операција“, како што ја нарекуваат, со цел да ги намали воените капацитети на јужниот сосед и да ги отстрани луѓето што ги нарече опасни националисти. Украинските сили пружаат силен отпор, а Западот воведе сеопфатни санкции кон Русија во обид да ја принуди да ги повлече своите сили.

„Русија ништо не наметнува со сила“, рече Лавров
„Ние длабоко го почитуваме српскиот народ, српската култура, историја, нивната посветеност на традиционалните пријатели и уверени сме дека тие ќе продолжат да прават паметни избори во оваа ситуација“, изјави шефот на руската дипломатија за српските медиуми. „Гледаме на Балканот обид на САД да ја наметне својата хегемонија“, рече Лавров, додавајќи дека тој не може да одговара за одлуките што ги носи Србија и нејзиното раководство.

Тој смета дека Србите и Русите се братски народи кои ги обединува заедничката историја и победите против заедничкиот непријател. „Гледаме колку овие чувства се вкоренети во душата на српскиот народ и неговата историска меморија.

Тој рече дека Русија „никогаш ништо не наметнува со сила“. Од друга страна, тој верува дека Западот го прави тоа. „Не е учтиво, не е така да се однесуваме во општеството или на меѓународната сцена кога сите се обидуваат да замижат.

На почеток