Актуелно

Украинските власти ја одложуваат евакуацијата на цивилите поради можни провокации

Денеска нема да биде возможна евакуација на цивили низ безбедни коридори од украинските градови поради заканата од руската армија, изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук. Според неа, има информации за можни провокации на овие простори.

Украина со недели ја обвинува Русија дека ја саботира евакуацијата на цивилите, особено од спорните области, додека Русија ја обвинува Украина дека не се согласила со безбедни коридори. Украинскиот весник Правда, пак, пренесува наводи на неколку регионални власти за продолжување на руското гранатирање во различни делови на земјата.

Во околината на Киев, тврди Правда, борби се водат покрај автопатот, а областа била изложена на воздушни напади. Во Чернихив, на северот на земјата, украинските војници одбија напад на руските трупи во текот на ноќта. Подрачјата на Житомир и Харков исто така беа под ракетен и бомби.

На почеток