Актуелно

Украина: Руските сили го напуштаат Чернобил

Руските сили ја напуштаат областа Чернобил, соопшти Украинската државна агенција за нуклеарна енергија. Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа ќе биде дополнителна потврда дека Русите навистина ги повлекуваат своите сили од областа Киев.

Агенцијата објави дека, иако некои сили останале во нуклеарната централа во Чернобил, повеќето од нив се упатиле кон границата со Белорусија. Нуклеарната централа Чернобил и нејзината околина беа меѓу првите области што Русите ги освоија на почетокот на инвазијата на Украина.

Западните аналитичари предвидуваат дека руските сили, и покрај фактот што Русија ќе ги насочи своите сили во Донбас во источна Украина, би можеле да се прегрупираат и да се подготват за континуирани напади низ Украина.

На почеток