Актуелно

Бајден воведе нови санкции кон Русија

Американскиот претседател Џо Бајден денеска воведе нови санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, насочени кон рускиот технолошки сектор.

Министерството за финансии на САД во соопштението соопшти дека вовело санкции за 21 компанија и 13 физички лица. Санкциите го вклучуваат Микрон, најголемиот руски производител и извозник на микроелектроника, како и најголемиот производител на чипови во Русија.

Проширените санкции го вклучуваат секторот за воздушен и поморски транспорт и секторот за електроника. Новиот потег на Бајден му дозволува на Вашингтон да воведе санкции за сите лица или ентитети поврзани со тие сектори, соопшти Министерството за финансии. Мета на санкции се и „злонамерните сајбердионери“, соопшти Министерството.

На почеток