Уште утре може да нема руски гас, вели францускиот министер
Од
Објавено на
Франција и Германија се подготвуваат за прекинот на испораката на руски гас, изјави францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.
Ле Мер ова го изјави како одговор на предупредувањето дека Русија ќе ги раскине договорите за купување гас за сите оние кои одбиваат да го платат рускиот гас во рубљи.
„Утре може да дојде до ситуација кога повеќе нема да има руски гас. Наше е да се подготвиме за овие сценарија и ние се подготвуваме за нив“, рече Ле Мер по разговорите во Берлин со германскиот колега Роберт Хабек.