Реакции: Без попис – лошо, со попис – уште полошо?


Истиот миг кога директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ги соопшти официјалите резултати од пописот 2021, граѓаните ги преполнија социјалните мрежи со коментари. Речиси без исклучок искажуваат револт и бараат оставки од директорот Симовски и од Владата. На социјалтени мрежи, исто така се коментираат резултатите.
Дел од реакциите:
Денес лажниот попис, во петок ретушираната и распродадена историја. Нема да има М од Македонија.
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) March 30, 2022
За разлика од Турците кои се одважија се што прават „патриотите“ е ширење на дефетизам.
Попис не се избори, попис не зависи од излезност и вие тоа добро го знаете.
Ниту еден збор за фалсификатите. Ниту „лидерот“, ниту свитата од белата палата.
Политички сте кастрирани. pic.twitter.com/T57Ea850KP
— Крмов (@Krmov_Borislav) March 31, 2022
Го сменија името, бојкотирачите биле криви, на попис ги преполовија Македонците, дијаспората била крива, никако мисис брнз или странските "пријатели" кои поткупуваат црпковци
— Toto (@realTotoMK) March 30, 2022
Се согласија на криминален попис кој се знаеше какви резултати ќе има ама сега пцујат по истиот
— Кичеецот (@mancesterovec7) March 30, 2022
Пописов да ти бил како жена
Без попис – лошо
Со попис – уште полошо— Професор Др. Цветковиќ (@tome_corner) March 31, 2022
Смислата на статистичката операција наречена попис е утврдување на точниот број на резиденти во државата, не вкупниот број на државјани. Бројот на државјаните е точно евидентиран во книгата за евиденцијата на државјаните.
— Васил Наумов (@601P4r9bPUiBzPS) March 31, 2022
Кај си бе пеер, се губиш го атеист на попис. #Попис2021
— Чича Глиша (@CicaGlish_a) March 31, 2022
Веќе 302 атеисти.
Кај еден попишувач за помалку од 24 часа.
До вечер ќе ја надминеме бројката на атеисти кои сите наши попишувачи во текот на целиот попис успеале да ја напабирчат.— Мирјана Најчевска (@ibogovitelicno) March 31, 2022
Повише жене има. Тој е позитивното од попис.
— Аууу Џониии (@AuuuDzoniii) March 31, 2022
Попис.??
Што е тоа ПАЗАР??
БИТПАЗАР!
Сакам волку сакам толку желби и честитки— Lidija Vodjanik (@LidijaVodjanik) March 31, 2022
Светот е премногу динамичен да се направи валиден и легитимен попис – кој знае колку луѓе сега се:
– одени на одмор Халки-Дики
– на гага утакмица
– во Дубаи со сопругата
– во Бугарија на продавање на газот
– затворени во хациендата уџум
– во Унгарија на "прошетка"— ЛАМА
(@imat_snemano) March 31, 2022
Вкупно попишано население е 2.097.317 лица, од кои 54.21 се Македонци, 29.52 се Албанци, 3.98 се Турци, 2.34 се Роми, 1,18 се Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Резидентно население e 1.836.713 лица, изразено низ проценти е 58.44 проценти Македонци, 24.3 проценти се Албанци, 3.86 проценти се Турци, 2.53 проценти се Роми, 0.47 проценти се Власи, 1.30 се Срби, 0.86 се Бошњаци.
Нерезидентно население кое се попишано се 258.932 лица. Од нив, 24.45 Македонци, 66.36 Албанци, 4.79 Турци, 1.02 Роми, 0.19 се Власи, 0.35 Срби. Во Македонија се регистрирани 598.632 домаќинства и 839 174 станови.
