Украина: Чернобил е повторно во наши раце
Украинската агенција за нуклеарна енергија објави дека Чернобил повторно е во украински раце. Да потсетиме, нуклеарната централа Чернобил беше окупирана од Русите во првите денови од инвазијата.
Новинар на „Волстрит журнал“ објави документ што се чини дека значи дека е постигнат договор меѓу украинската и руската страна за повлекување на руските сили и предавање на областа околу нуклеарната централа Чернобил назад во украински раце. Неговата автентичност се уште не е потврдена.
Претходно украинската агенција објави дека Русите се повлекуваат од областа Чернобил.
Ukraine’s nuclear power agency says Russian National Guard handed over custody of Chernobyl as Ukrainian military says some 700 Russian military vehicles pulled back from Kyiv area. pic.twitter.com/IyzQb1rOzH
— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) March 31, 2022