Свет

(ВИДЕО) Гори магацин во Русија: „Украина не нападна со хеликоптери“

Регионалниот гувернер на рускиот град Белгород ја обвини Украина за напад на складиштето за нафта во градот.

Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм изјави дека пожарот што избувна утринава е предизвикан од воздушни напади на два украински хеликоптери.

Службите за итна помош се на терен.

Опожарени се осум цистерни со гориво, но нема повредени
Според руската новинска агенција РИА, осум цистерни со гориво се запалиле и постои опасност пожарот да се прошири на уште осум.

Иако гувернерот Гладков претходно изјави дека двајца работници во магацин се повредени, градоначалникот Антон Иванов демантираше.

И руската нафтена компанија Роснефт, која е сопственик на складиштето за гориво, во посебна изјава соопшти дека никој не е повреден во пожарот. Таа не даде информации за причината за пожарот.

Жителите од околните улици се евакуирани додека пожарникарите го гаснат пожарот, рече Гладков.

Ова се нови обвинувања од руска страна кон Украинците за напад на територијата на Русија. Да потсетиме, Русија пред два дена ја обвини Украина за напад на складиште за оружје во истиот град. Белгород се наоѓа северно од границата со Украина.

Засега Украина не презеде одговорност за ниту една од експлозиите.

На почеток