Актуелно

(ВИДЕО) Се шири наводна снимка од нападот на складиштето во Русија, се гледа хеликоптер

Утрово дошло до пожар во магацинот за гориво во рускиот град Белгород, кој се наоѓа на границата со Украина. Русите велат дека магацинот бил нападнат од два украински хеликоптери.

На социјалните мрежи се рашири наводна снимка од нападот на која се гледа како ракети удираат во складиште за гориво и хеликоптер. Автентичноста на снимката се уште не е потврдена.

Видеото беше споделено на Твитер од Роб Ли, докторант на Катедрата за воени студии на лондонскиот Кралски колеџ, кој е специјализиран за руска одбранбена политика.

На почеток