Свет

Италијанските пратеници изгласувајќи доверба на Владата и нов буџет, избегна казни од Брисел

По два часа дискусија на претставниците на разните пратенички групи и меѓусебните обвинувања , изгласана довербата на владата во Итлаија со 327 гласови „за“, 228 гласови „против“ и еден воздржан.

Италијанските пратеници го усвоија буџетот што беше договорен со Европската комисија која ја отфрли првата верзија, нешто што за прв пат се случува во историјата на Европската унија.

Претходната италијанска влада предводена од левиот центар вети јавен дефицит од 0,8 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2019 година, а новата коалициска влада којашто на власт стапи на 1-ви јуни, предвиде дефицит од 2,4 отсто за следната година, потоа 2,1 процент за 2020 година и 1,8 отсто за 2021 година. Дефицитот од 2,4 отсто од БДП-то е во спротивност со правилата за еврозоната.

Новиот ревидиран буџет за 2019 година носи низа измени, но се истакнува ублажувањето на условите за заминување во пензија. Го содржи и клучното движење на Движењето пет ѕвезди (M5S) за месечна плата од 780 евра за 1,7 милиони најсиромашни семејства. Првично за таа цел беа предвидени 9 милијарди евра за 2019 година, а потоа беа намалени на 7,1 милиони евра.

Новиот италијански буџет носи и мерка за проштевање за лицата кои не платиле данок,меѓу 2016 и 2017 година, но го пријавиле исправно или пријавиле помалку.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток