Апасиев: Симовски е фатен како врши „корекции“ на пописните резултати, како се напенали
Од
Објавено на
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев вели дека директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски е фатен како врши корекции на пописните резултати.
„Директорот на ДЗС е фатен на дело како врши “корекции”, фризирања и доштимувања на пописните резултати, откако никој нормален не ги призна… А за тоа, се иде у затвор минимум 5 годинки. p.s. Како се напенали, Апостолееее!“, напиша Апасиев.
Пратеникот од политичката партија Левица, Борис Крмов на социјалните мрежи истотака објави дека власта ги корегира резултатите од пописот и си измислува бројки.
„Од првични 355 атеисти, сега станаа 8.764, власта ги корегира резултатите од пописот“, вели Крмов