Македонија

Самка бара Ромите да спроведат попис

Овој попис е срамота и ние не го признаваме и тој што го спровел треба кривично да одговара, вели Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Тој најави нов попис кој од куќа на куќа ќе го спроведат Ромите во Македонија.

„Ние ќе се жалиме до странските амбасади до Брисел и Вашингтон и наскоро ќе започнемe операција во којашто ќе докажеме дека овој попис е фалсификуван и дека Ромите наместо реално да бидат над 7 проценти како трет по број етникум во државата, се катастрофално оштетени“, вели Ибраимовски.

Тој смета дека целиот попис е направен со една цел, како да се обезбедат и фризираат бројките и потребниот сооднос на застапеност на Албанците.

На почеток