Свет

(ФОТО) Русите објавија сателитска снимка од седиштето на НАТО: „Ве следиме, главите горе“

Шефот на руската вселенска агенција Роскосмос на Твитер објави сателитска снимка од седиштето на НАТО по повод годишнината од основањето на алијансата. Дмитриј Рогозин ги предупреди членките на НАТО да запомнат дека Русија ги набљудува од вселената.

„На 4 април 1949 година се роди НАТО – грдата ќерка на Студената војна. На својот роденден, НАТО може да се восхитува на својата канцеларија од сателитска снимка на вселенското летало Роскосмос. Столтенберг, кренете ја главата и подадете ја раката! Ве следиме. Имајте на ум“, напиша Рогозин.

Рогозин потсети дека на 4 април 1949 година претставници на 12 земји – Белгија, Велика Британија, Данска, Исланд, Италија, Канада, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, САД и Франција го потпишаа Северноатлантскиот договор, пренесува РИА Новости.

„Така се роди НАТО – главната закана за целиот свет кој ја преживеа Втората светска војна“, рече Рогозин.

На почеток