Актуелно

(ВИДЕО) Андреа со одлична изведба на „Circles“ на евровизискиот концерт во Израел

Македонската пејачка Андреа Коевска беше една од 24-те евровизиски претставници кои вчеравечер пееја на пред евровизискиот концерт Israel Calling во Тел Авив, Израел.

Таа во преполната арена Менора Мистичим ја изведе песната Circles и доби само пофалби од фановите.

Годинава Евровизија ќе се одржи од 10 до 14 мај во Торино. Андреа ќе настапи 11. по ред во втората полуфинална вечер, што ќе се одржи на 12 мај.

На почеток