Скопје

(ФОТО) Стојкоски од Ѓорче: Кој лаже, тој краде и на таван спие. Кој е тоа? Читај СДСМ!

По споделените фотографии од СДСМ дека игралиштето „Бранители“ во Волково не било дофарбано и дека објавата за акцијата е евтин ПР, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на ироничен начин ги демантираше. Тој објави фотографии, кои пред неколку денови беа доставени и до медиумите, а на кои се гледа дека игралиштето добило нов лик. Од нив, може да се потврди дека е целосно завршено фарбањето.

„Кој лаже, тој краде и на таван спие. Кој е тоа? *Читај СДСМ“, напиша Стојкоски.

Пропадна обид за политички поени во Ѓорче: СДСМ со обвинување, кое се демантира со фотографии

На почеток