ВИДЕО: Македонија во транс на концертот на Ацо Пејовиќ, во арената немаше игла кај да се фрли
Со спектакуларен концерт одржан во арената „Борис Трајковиски“, пред повеќе од 12.000 луѓе, Ацо Пејовиќ ја започна својата голема концертна турнеја закажана за оваа пролет. Концертот го организираше „Балкан медија“.
И покрај големата побарувачка за билети повеќе, синоќа во споменатата сала буквално немаше каде да падне иглата, па пејачот може да се пофали и со соборен рекорд кога е во прашање капацитетот на оваа сала.
Публиката на Пејовиќ ги пееше сите песни од почеток до крај, а кога беше во прашање апсолутниот хит на годината, песната „Полноќ“, кој популарниот пејач ја отпеа за потребите на филмот „Тома“, сите веќе беа во транс.
И откако заврши концертот, просторот околу популарната арена во Скопје не беше празен, бидејќи младите продолжија да ги пеат хитовите на Пејовиќ и надвор.