(ВИДЕО) Три годишно девојче ја спаси сестра си од давење
На снимка од безбедносна камера од Тајланд се гледа и херојски чин на едно дете.
3-годишната Кана Кануенгнит, 2-годишната Канинг Кануенгнит, инаку сестри, играле околу базенот на нивното семејство во Чианг Маи, во северен Тајланд.
„Јас чистев во близина на базенот, а жена ми готвеше во кујната зад куќата. Не планиравме никакви активности во базенот, па не забележав што се случува. Но, кога му го свртев грбот на базенот, мојата помала ќерка падна во него.“, вели таткото на девојчињата.
Канинг упаднала во базенот длабок 120 сантиметри и веднаш почнала да се бори за да ја одржи главата над вода. Нејзината постара сестра Кана сфатила дека е во животна опасност и веднаш го повикала татко ѝ, кој сè уште бил свртен со грб и го чистел мебелот во дворот.
Девојчето му врескало на својот татко дека Канинг е во базенот и брзо презела акција. „Не знаев што да правам, заборавив да мислам на телефонот и работите во џебот. Само скокнав во базенот“, изјавил Аписит. Таткото успеал брзо да дејствува и ја извлекол ќерка си од базенот пред таа да потоне на дното.
Аписит се надева дека застрашувачкото видео ќе послужи како предупредување за родителите. „Мислам дека ова е одличен пример за потсетување на луѓето да не гледаат на друга страна ни дел од секундата кога децата се близу вода“, рече тој.
„Сакам да им го истакнам ова на родителите со мали деца и базен, да постават ограда околу базенот, а ако не, секогаш треба да бидат внимателни“, додаде тој.