Коронавирусoт го остава човек многу уморен и исцрпен, вели Елизабета
95-годишната кралица, која беше позитивна на коронавирус во февруари, разговарала за своето искуство во видео повик со персоналот во болницата во источен Лондон.
Зборувајќи со Асеф Хусеин кој беше заразен со ковид-19, кралицата рече: „Мило ми е што стануваш подобар…Го остава човек многу уморен и исцрпен, нели? Оваа ужасна пандемија. Тоа не е убаво“.
Братот и таткото на Хусеин починале од болеста, објави новинската агенција PA Media.
Тој бил третиот член од неговото семејство кој бил хоспитализиран со Ковид-19, откако се разболеле во декември 2020 година. Раскажувајќи го своето искуство, тој и рекол на кралицата: „Се сеќавам дека се разбудив едно утро и ми беше навистина, навистина тешко да дишам. ”
Тој додаде дека се чувствувал „како да нема кислород во собата“, па дури и ја извадил главата низ прозорецот, „само се обидував да дишам , се обидував да добијам дополнителен кислород“.
Хусеин поминал седум недели на респиратор во болницата и сè уште се опоравува.
За време на нејзината виртуелна посета, кралицата слушнала и како болничкиот персонал реагирал на огромниот прилив на пациенти со Ковид.
Зборувајќи со градежниот тим кој ја изградил единицата „Кралицата Елизабета“ со 155 кревети на 14-тиот и 15-тиот кат во болницата за пет недели, наместо вообичаените пет месеци, таа рекла: „Многу е интересно, нели, кога има некои многу витална работа, како сите работат заедно? Прекрасно, нели?
Кралицата,која ја слави својата 70-та година на тронот, имала голем број здравствени проблеми во последните месеци.
На една црковна служба во октомври, таа употребила бастун во јавност за прв пат од 2003 година.
Подоцна истиот месец, таа направила пауза од кралските ангажмани откако помина една ноќ во болница во централна Лондон, каде што лекарите направија „прелиминарни тестови“ и ја советуваа да одмори неколку дена.
Бакингемската палата уште во февруари објави дека 95-годишниот суверен страдала од „благи симптоми слични на настинка“ како резултат на инфекцијата со Ковид-19, но ќе продолжи со лесни должности во Виндзор. Палатата претходно потврди дека и монархот и нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, ги примиле првите дози на вакцината против Ковид-19 во јануари 2021 година.