Актуелно

Оштетил околу 260 скапи автомобили оти бил љубоморен

Маж е уапсен во југозападниот германски град Карлсруе, откако полицијата соопштила дека тој признал дека за неколку дена изгребал или на друг начин оштетил околу 260 автомобили.

Висината на штетата на возилата е повеќе од 500.000 евра.

28-годишникот минатата недела ѝ се предал на полицијата и признал дека ја направил штетата. Тој објаснил дека бил љубоморен на сопствениците на автомобили и дека има „лични проблеми“, се вели во соопштението на полицијата.

Штетата била главно на скапи автомобили кои биле паркирани во центарот на Карлсруе – седиштето на највисокиот кривичен и уставен суд во Германија.

Осомничениот претходно бил кривично регистриран и пуштен од затвор во јули 2021 година, соопштила полицијата.

На почеток