„Само што видов нечиј последен здив, пораз за човештвото“, цела Македонија згрозена од убиството на Тот


Јавноста е згрозена по снимката на која се гледа убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот. Се бара одговорност и итно решавање на случајот. Се коментира и за општествената одговорност, но и одговорноста на сите набљудувачи кои не реагирале додека девојка и дечко го претепуваат Тот до смрт.
За потсетување, на социјалните мрежи беше објавено е видеото од безбедносните камери кои го прикажуваат нападот врз хрватскиот ракометар Денис Тот. Снимката беше експресно избришана од платформата youtube но за брзо се рашири на twitter. Од снимката јасно се гледа дека младиот ракометар е крвнички претепан пред клубот.
Еј, на починатиот ракометар, животински му ја газат и шутираат главата, а од карил рекле немало траги на насилство. Криминал во секое ебано дупче во државава. Да ти се згади.
— Петар (@PetarZz) April 11, 2022
Го гледав видеото од бруталното претепување до смрт на хрватскиот ракометар. Едно не ми е јасно, како во Карил заклучиле дека починал од срцев удар и немал траги од насилство?
— Бредли Купер (@Zmugalo) April 11, 2022
Младиот ракометар го изгуби животот, јавноста се изгуби во политичарење, правејќи викенд информациски хаос за причините за смртта во надеж дека можеби денес ќе има предвремени избори.
— V!DanaDsg 🌻 (@VidanaDeSign) April 11, 2022
Претепале ракометар во Скопје и починал. Се ни е излезено од контрола.
— океј (@otsutna) April 9, 2022
Ги гледав снимките од пред дискотеката кај шо е претепан Тот и мислам дека она нешто само на филм можи да го има, а и за на филм е премногу… кај живејме човече… картелите во Мексико се почовечни од оние животните шо продолжија да го удираат онесвестен…
— 𝙉𝙖Паца𝘽𝙧𝙤𝙙𝙤 (@PlayerNo_6) April 11, 2022
Кое дно
На снимката куп луѓе,викнале брза помош и сигурно им кажале што се случило
Пробаа да скријат,уште ќе убедуваат немало траги на насилство…..— 💥СКИТНИКОТ💥 (@Skitnikot7) April 11, 2022
ВАКВО КРВНИЧКО ПРЕТЕПУВАЊЕ НЕ СМЕЕШЕ ДА СЕ КРИЕ! Се појави снимката од настанот во кој загина ракометарот Денис Тот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
— Stela 21 (@Stela_Stela21) April 11, 2022
Некој под итно да не укине ко држава!
Ми се згрози животот од сите гниди овде на снимката! Сите тука присутни се убијци! ГНАСИ!
Докторката, Бубевски и Спасовски во најмала рака оставки!!!!
В У К О Ј Е Б И Н А!!!!!!!! pic.twitter.com/tpMcnGTlev— Вампирка (@drakulka143) April 11, 2022
Јас гледам снимката од убиството на ракометарот и не можам да сфатам – неколку боксови во лице, после девојка го гази и удира со нозе по глава додека лежи и докторите не успеаја да забележат никакви повреди по лицето? Ни црвенило, ни оток, ништо?
— Aно (@Mr_Mr_Ano) April 11, 2022
сеа коа веќе излезе снимката од привилиџ тој шо ја дае изјавата од карил дека немало видливи знаци на насилство може мирно да спие
— communication specialist (@Pavlovikj) April 11, 2022
Само што го изгледав видеото од безбедносната камера пред Привилиџ. Само што видов нечиј последен здив, пораз за човештвото. Почивај во мир млад човеку. 🥺
— Дескарада (@zhena_ingrata) April 11, 2022
Aбе дали сте нормални пиздави ретартирана….Што е битно дали бил сликан со Мицко, Таче или не знам кој..убиец е убиец и заслужува доживотен затвор..престанете со собирање политички поени..убиен е млад човек и сторителите без разлика на која партија се поддржувачи треба во затвор
— ДОРЧО (@Dorcobre) April 11, 2022
Човек е свирепо убиен, сељачкото крило и гдомците се расправаат чив член бил убицата и после ќе ми кажувате прикаски: ние антички народ, Александар Велики, Цар Самоил…
Бугари сте вие бе! Чисти Бугари! И по понашање и по ген и по морал!— Виктор Стевич (@Viktor_Stevich) April 10, 2022
Судска медицина потврди дека Денис Тот е убиен. Ме интересира дали ќе одговара директорката на клиника која тврдеше дека смртта не настапила насино? Можеби не сакала да ја попречува истрагата. Експерти?
— Џонтра Волта (@Kotvitaneskita) April 9, 2022
Реакциите на социјалните мрежи се бројни!
-Го изгледав грозното видео со многу луѓе на него. Ги приметив оние двајца кои ладно излагаат од диско и се оддалечуваат. Никој не свртел во полиција изгледа. Оние двајца не се ни свртеа да видат што се случува. Таа индиферентност кон насилството. Тој “да не се мешаме” став кон насилство додека како општество сме склони да се мешаме апсолутно во све, во туѓи спални, туѓи кујни. Таа индиферентност, драги мои, е соучесник во насилство! Искрено се надевам на најстроги казни за насилниците! – Ина Многуфина
–Одминувачи и непружачи на прва помош се посебен наш феномен. – Д-р Ненад Лазаров
–Некако знаев и претходно ама сега ми се потврди, овој народ ќе те остави да умреш на улица ако нешто ти се случи и тоа ми влева страв и ме прави многу тажна истовремено – Јована Јовановска
–Сосема е очекувано сите тие алкохоли, кокаини измешани со мишомори и креда, сите тие Диазепами, Хелекси џвакнати ко бонбони, сите тие лажирани Инстаграми, уонаби јаки фаци, жени од султана напеви и лоши животни навики, избори и модели да резултираат со апатија, агресија и смрт. Замисли вакво нешто да се деси со смути после џогинг, или чај после посета на Филхармонија… Немогуче… И да, мафнете ги дискотеките од Парк! Под систем хитно! – Ирена Ристиќ
-Ова се убијците на ракометарот Тот. Позади овој у розево кошулче, стојат икони. Продуховен верник воден од Бог, а? Ние сме расадник на психопати. Ова се млади луѓе, со родители близу мојата генерација. Каде згрешивме генерацијо моја транзициска? Каде ги испуштивте децата? Во трката за престиж и моќ не ги научивте на емпатија и солидарност. Освестете се. Има првоодделенци кои во школо кажуваат која марка им се патиките, кој модел на телефон имаат и каква кола возат мама и тато. И знаат за вмро и сдс. Таквото надмено воспитување базирано на конзумеризам и престиж создава убијци. И овие убијци сигурно се така воспитувани. Престижот, материјализмот, конзумеризмот повлекуваат агресија, а не емпатија. Погледнете си ги децата до вас сега во моментов, прашајте се зошто на некој кој штотуку се родил важно му е што носи, што вози тато, колку пари има мама и колку се моќни со нивните работни позиции. Тоа нека ви биде тригер за паника. Воспитувајте додека не е предоцна. – Фросина Фро
„Скопје1“ се оградува од ставовите, истите се пренесени интегрално како коментари на јавноста.
