Актуелно

„Најголема болка осетив кога прочитав дека ни си дал никаков отпор“, другарката на Денис Тот со емотивна објава

По трагичната смрт пред клубот „Привилиџ“ во Скопје, каде до смрт беше претепан хрватскиот ракометар Денис Тот, се огласи неговата добра пријателка од Македонија, Стефанија Трајческа.

„Најголема болка осетив во моментот кога прочитав дека ни си дал никаков отпор. Тоа е затоа што си ти. Затоа што не си таков човек, воопшто не ме изненади, напротив уште повеќе ме боли што им дозволи и што остана душа од човек до последен здив. Знам дека си на помирно место во кое што нема никаква злоба како на овој свет, мил мој пријателе. До наредно видување. „Тужно лето“ секогаш ќе биде наша песна. Те молам мавни ми од зад облаци, а мене времето ќе ме научи како да се носам со оваа болка и неправда’, вели Стефанија.

На почеток