Мицкоски го брани шефот Груевски, затоа молчи за црната листа на САД, вели Каевски


„Втор ден Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски. Причината за овој потег сите добро ја знаеме а тоа е вмешаноста на Груевски во корупција и криминал“, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
Тој додава:
„Или како што наведува Стејт департментот: искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, злоупотреба на моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори; присвојување државни средства; и мешање во изборните процеси.
Сето ова граѓаните го слушнаа и во бомбите, во материјалите од Вистината за Македонија. Бројни судски пресуди и признанија во предметите како „Титаник“ „Тенк“ Таргет Тврдина“ ги потврдија криминалните дејствија на Никола Груевски и неговите соработници.
На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков.
Молкот, тишината на Мицкоски е силна потврда на се она што го говориме и што граѓаните добро го знаат.Христијан Мицкоски е еден од сорботниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
До денеска Христијан Мицкоски се нема оградено ниту еднаш за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ.Не слушнавме ниту осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните.
Наместо повик за одговорност со години Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот на режимот и на Никола Груевски. Затоа Мицкоски молчи.Затоа голем број поединци кои беа блиски соработници на Груевски во 11 годишниот режим, сега се блиски соработници на Мицкоски.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема ниакакква промена, тоа е истата режимска и криминална партија“.
