Поради огромната трагедија во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за претседател

Од
Објавено на

„Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот“, велат од СДСМ и додаваа:
Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во огромната трагедија што се случи во Кочани. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со сите засегнати од оваа страшна несреќа.
