Бајден за руската инвазија: Геноцид


Американскиот претседател Џозеф Бајден повторно ја обвини Русија за геноцид во Украина, а нејзиниот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја избрише украинската нација.
„Да, јас го нарекувам геноцид. Станува сè појасно и појасно дека Путин едноставно сака да ја избрише идејата дека е можно да се биде Украинец“, им рече Бајден на новинарите во Ајова, додавајќи дека има се повеќе докази за тоа, но дека „ правосилна пресуда донесена од адвокатите“. Неговата оценка ја поздрави претседателот на Украина Володимир Зеленски.
„Нарекувањето на работите со нивното вистинско име е од суштинско значење за да се спротивставиме на злото. Ние сме благодарни за досегашната помош на Соединетите Држави и итно ни треба повеќе тешко оружје за да спречиме натамошни руски злосторства“, напиша Зеленски на Твитер.
