Кличко: Две третини од бегалците се вратија во Киев
Од
Објавено на
Две третини од жителите на Киев кои го напуштија градот по почетокот на војната со Русија веќе се вратија во градот, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
-Се враќаат секој ден и покрај препораките. Но, не можеме да забраниме, можеме само да препорачаме – рекол Кличко, пренесува UNIAN.
Тој додаде дека се уште не вреди да се вратат во градот, бидејќи јавниот превоз не работи, а се проверуваат пунктовите.
Кличко рече дека градските власти се потпираат исклучиво на препораките на армијата, која предупредува дека постои закана од ракетни напади врз градот.