Блинкен: Војната во Украина е далеку од завршена
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оцени дека војната во Украина е далеку од завршена и покрај повлекувањето на руските војници од околината на Киев.
„Русија ги прераспоредува своите сили за да продолжи со нападите во источна и јужна Украина“, рече Блинкен, цитиран од Гласот на Америка на руски јазик.
Тој посочи дека САД, нивните сојузници и партнери мора да ја зголемат воената помош додека Украина, како што наведе, „се подготвува за следната фаза од борбата за својата слобода и иднина“.
„Се обидуваме што повеќе да ја зајакнеме позицијата на Украина во преговорите и да го зголемиме притисокот врз Путин“, рече Блинкен.
Според него, САД и меѓународната заедница ќе ја претворат војната, која ја иницираше рускиот претседател Владимир Путин, во долгорочен стратегиски неуспех на Кремљ.